Минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ Карлеуша лиеше солзи за Анастасија: Овој пат самата се откажа од натпреварувањето (ФОТО+ВИДЕО)

Минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ Карлеуша лиеше солзи за Анастасија: Овој пат самата се откажа од натпреварувањето (ФОТО+ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Анастасија Иќуруп се откажа од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ по навредите и критиките кои ги доби од жирито во емисијата која беше прикажана оваа сабота, на 9 април.

На поединечни членови од жирито не им се допадна сценскиот костимот на Анастасија, а Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ не бираа зборови кога ја коментираа, наведувајќи дека изгледа евтино, дегутантно и одвратно, а Бекута дури кажа и дека ќе се исповраќа.

Анастасија, на која Марија Шерифовиќ ѝ беше менторка, одлучи да се повлече од натпреварувањето. Иќуруп во петтиот круг беше вратена како натпреварувач кој минатата сезона бил забележан, но се пласирал во финалето. 

За ова, младата пејачка се огласи на својот Инстаграм профил:

„Ако се откажав од натпреварувањето, не сум од кариерата. Моето време допрва доаѓа, наскоро ви подарувам нешто ново“.

Таа во минатата сезона беше во тимот на Јелена Карлеуша, која оваа година не е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Карлеуша минатата година плачеше кога Анастасија испадна од натпреварувањето, а покрај тоа, Јелена тогаш ја вознемирија и коментарите и постапката на жирито.

„Јелена плаче затоа што со гласањето покажавте елементарно непочитување кон мене. Тврдам дека на единствената девојка која може да биде ѕвезда, вие ѝ ги отсековте крилјата на најглупавиот можен начин...“ - кажа тогаш Карлеуша.

„Се плашам дека доколку ти седиш тука, на ова не би дала глас“ - кажа тогаш Снежана Ѓуришиќ.

„Покажавте и дека не ме сакате и не ме почитувате“ - се надоврза Карлеуша видно вознемирена и расплакана.


Исто така, на еден од настаните на кои се појави зборуваше за Анастасија истакнувајќи дека е сигурна во тоа дека благодарение на своите квалитети, Иќуруп ќе направи голема кариера.

„Има најинтересна боја на глас во целото натпреварување. Сигурна сум дека таа ќе направи голема кариера, прво затоа што е „страшна“ пејачка, второ затоа што е „страшна“ риба“ - кажа своевремено Карлеуша за Анастасија, а потоа додаде:

„Има само 19 години, а е таков вокал. Секако, таа потпиша договор со Гранд“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: