Мистеријата е решена, откриен е вкусот на WhatTheFanta
Мистеријата е решена – вкусот што се криеше зад прашалникот на виолетовата „Фанта“, по кој љубителите на овој пијалак трагаа цело лето, е чизкејк со јагода. WhatTheFanta тимот, составен од Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Маја Кикириткова и Весна Петрушевска-Бејби, со поддршка на публиката што беше присутна на Школка во Градскиот парк во Скопје, конечно стигна до моментот на вистината.
Потрагата почна на почетокот на летото, од виолетова виљушка. Следуваа виолетова шпатула за торта, семе од јагоди, виолетов миксер и балони кои тимот го одведоа до клучниот збор „сирење“. По два месеци следење насоки и откривање траги, Фанта-тимот успеа да ја реши загатката.
Последната задача за „ловците на вкусови“ беше да пронајдат уште една картичка на која пишуваше „Реши загатка“, а која беше скриена во кујната во која Весна Бејби експериментираше цело лето. Иста таква картичка беше скриена во паркот и по неа трагаше публиката што беше присутна на Школка. Најдосетливиот пронаоѓач им се придружи на сцената на Весна, Иван, Кике и Маја и заедно ја решија загатката.
Претходно присутните имаа можност да извлечат од различните Фанта-картички и да ги разменуваат за сладолед или за подароци.