Мистеријата се реши: Маркус објасни зошто ја слуша Есма Реџепова

Мистеријата се реши: Маркус објасни зошто ја слуша Есма Реџепова

Објавена во: Stars // Музика

Една од најчудните работи кои ги видовме оваа година е тоа што Маркус Гунарсен кој со својата мајка на слушаше Есма Реџепова. Како успеа песна од уметник од нашата држава да дојде до Норвешка никако не ни беше јасно, но Маркус го објасни ова детално на Инстаграм лајв со famoza.net.

Сите имавме теории. Некои се прашуваа дали можеби неговата мајка води потекло од нашите простори, додека други мислеа дека Маркус песната ја добил од својот пријател од Србија, фудбалерот Лука Илиќ. Но, вистината е сосема поинаква!

Кога го прашаа за што станува збор, Маркус кажа дека тоа било изненадување за неговата мајка. „Мислам дека таа ја нема слушнато оваа песна порано. Бевме во Осло кај некои пријатели и таму ја слушнав песната. Го слушнав тоа „Чаје шукарије“, тоа е кул песна и ми беше забавно.“

„Кога ѝ беше роденден на мајка ми, помислив дека би требало да ѝ пуштам песна која никогаш не ја слушнала и бев сигурен за оваа. Затоа ја пуштив на својот телефон и направив интересно видео“ - објасни тој. Збунетиот Мартинус потоа го праша својот брат „Дали оваа песна е на српски?“, но од Маркус доби одговор „Не, таа вели дека тоа е македонски“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: