Мистеријата за смртта на 21-годишната инфлуенсерка: Исчезна еден час откако објави селфи на кое покажа дека ужива

Мистеријата за смртта на 21-годишната инфлуенсерка: Исчезна еден час откако објави селфи на кое покажа дека ужива

Објавена во: Живот // Живот

Бразилската манекенка и инфлуенсерка Јасмин Кавалеиро де Македо (21) исчезна откако излета со брод на 12 декември оваа година. Нејзиното тело беше набрзо потоа пронајдено во реката Магуари, а нејзиното селфи на кое се гледа како ужива е објавено само еден чат пред да исчезне.

Потрагата за инфлуенсерката траела цел ден, а светските медиуми пишуваа за мистериозната смрт на младата убавица. Пред да излета со бродот кон реката близу градот Белем, на својата мајка ѝ испратила селфи од патувањето, а објавила и содржини на социјалните мрежи.

Околу 10 часот вечерта разговарала на телефон со мајка ѝ, а само еден час потоа исчезнала. Нејзината мајка учествувала во потрагата, а полицијата ја известила дека со обдукцијата ќе се утврди точната причина за смртта на девојката, пренесува „The Sun“.

Тамошните власти истакнуваат дкеа истрагата за нејзината смрт е во тек, но премногу детали не откриваат. Не откриле ниту колку луѓе биле на излетот, како ни дали сите носеле елеци за спасување на себе.

Јасмин објавувала сториња од оваа авантура, а само неколку часа пред да исчезне покажала како ужива во бикини на бродот. Точните околности за смртта би требало да бидат објавени од страна на полицијата во текот на овие денови. јасмин на Инстаграм имаше повеќе од 30.000 следбеници.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: