Мистериозната смрт на првиот син: Марина никогаш не сакала да ги отвори наодите од обдукцијата на Милош

Мистериозната смрт на првиот син: Марина никогаш не сакала да ги отвори наодите од обдукцијата на Милош

Објавена во: Живот // Живот

Претажната судбина на семејството Радуловиќ - Туцаковиќ...

Марина Туцаковиќ по долгата и тешка болест, почина минатата година, а неодамна се одбележа и една година од нејзината смрт.

Како бомба одекна веста за смртта на нејзиниот син, Милан Радуловиќ Лаќа, кој неодамна беше пронајден мртов во Израел, во морничава состојва.

Естрадата, како и многу јавни личности, во солзи се простија од синот на Марина и коментираа дека ништо не укажувало на ваква трагедија.

Познато е дека легендарната Марина, имала два сина, но дека првиот го изгубила пред неколку години, чија загуба никогаш не ја преболела.

Ретко зборуваше за тоа, а во една прилика за медиумите со кнедла во грлото, откри морничави детали од трагичниот исход на своето прво дете.

„Детето ви оди на екскурзија, па се плашите како ќе стигне. Секогаш имате страв за личностите кои ги сакате. Интересно, јас таа ноќ... Тој беше толку весел, толку се смеевме, навистина не можев да имам лошо претчувство. Колку само имав порано од стравовите... И ете се случи токму тогаш кога сигурно не се надевав. Не го очекував тоа“ -зборуваше Марина.

„Влегов во неговата соба и го видов тоа што го видов. Тогаш Милош имаше 24 години. Беше 1 декември. Секогаш имав страв дкеа нешто ќе му се случи... Милош едноставно не се разбуди. На пладне беше здрав и прав, сѐ беше нормално. Стана да пие вода, и ми кажа да го разбудам околу 4 часот, за да успее да оди на фризер и да се подготви за вечерната забава во дискотека. Меѓутоа, кога влегов во собата за да го разбудам, го најдов неподвижен. Прстите веќе му беа модри. Не знам што се случило... Не знам дали има нешто полошо од тоа кога ќе го најдете своето дете неподвижно во кревет“ - раскажа Марина своевремено за српските медиуми, по долгогодишното молчење за тој стравичен настан.

„Не сакав да ги видам резултатите од обдукцијата. Што ми значи тоа? Дали тоа било срцето, дали нешто земал... Каква врска има тоа. Тоа не ми е важно. Јас со тие деца бев 24 часа. Имаа сѐ, водев сметка, но ете, друштвото ги повлекло... Ако некој беше тука за децата, особено за Милош во тие ситуации, тогаш тоа бев јас. Јас по неговата смрт не работев неколку месеци. Имав поддршка, музиката ми беше во крвта и јас морав...“ -  зборуваше Марина.

Марина на новинарите им призна дека само една песна му посветила на починатиот син Милош, „Мишо мој“, која ја отпеа Ана Николиќ, а по неколку години ги демантираше наводите дека и песната „Хиљаду нула“, која ја испеа Наташа Беквалац е посветена на нејзиниот починат син.

„Песната ја пишував во својот најтежок период од животот, кога го изгубив синот! Долго размислував како би можела оваа силна емоции да ѝ се пренесе на публиката, а потоа изборот падна на Ана Николиќ“ - зборуваше Марина.

фото: Принтскрин / Youtube

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: