Млад херој настрада во пожарот во Турција: Додека им помагал на пожарникарите, огнот го проголтал

Млад херој настрада во пожарот во Турција: Додека им помагал на пожарникарите, огнот го проголтал

Објавена во: Живот // Живот

Момчето доживеа тешка несреќа по враќањето и огнот го проголта неговиот мотор...

25-годишниот Сахин АКдемир почина во пожарот кој вчера го зафати подрачјето Мармарис во Турција. Сахин настрада помагајќи им на пожарникарите кои се бореа со огнената стихија.

Несреќното момче, кога дознало дека пожарот неконтролирано се шири, седнало на својот мотор и со себе понел галони вода, а потоа истата им ја доставувал на пожарникарите во загрозените подрачја. За жал, кога тргнал назад по уште вода, доживеал несреќа и бидејќи бил тешко повреден, не успеал да се тргне од огнот и трагично настрадал. Како што наведуваат турските медуми, огнот го зафатил неговиот мотор.

Во очи на несреќата ова храбро момче на социјалните мрежи ги повикал пријателите да им помогнат на пожарникарите.

„Ве молам донесете вода, ние ќе продолжиме да им носиме вода на пожарникарите, нека ни помогне Бог“ - напишал тој на објавата на социјалните мрежи.

Потоа известувал каде се шири пожарот и објавувал фотографии од загрозените подрачја и понатаму апелирајќи на граѓаните да носат вода.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: