Младата пејачка е пронајдена мртва: Се борела со депресијата, а умрела во куќата на непознат сопственик

Младата пејачка е пронајдена мртва: Се борела со депресијата, а умрела во куќата на непознат сопственик

Објавена во: Живот // Живот

Скилир Хикс, поранешната учесничка на шоуто „Америка има талент“ почина на 23 години, а причината за смртта засега е непозната.

Скилир Хикс, поранешната учесничка на шоуто „Америка има талент“, пронајдена е мртва во понеделникот на 23 години во куќа во Либерти во Јужна Каролина.

Оваа тажна вест ја потврди нејзината мајка Џоди, која истакна дека нејзината ќерка е пронајдена мртва во куќа на пријател, но дека таа не знае кој е сопственикот на куќата во која се случила трагедијата.

фото: YOUTUBE

Странските медиуми пишуваат дека Скилир се борела со депресијата, како и дека била зависна од дрога. Скилир се трудена преку уметноста и музиката да им помогне на другите.

„Таа и понатаму ќе живее низ својата музика“ - заклучи нејзината мајка.

Скилир имала само 14 години кога се појавила во шоуто „Америка има талент“ и со својот пејачки талент го воодушевила тогашното жири, кое го сочинувале Мел Би,, Хади Клум, Хови Мендел и Хауард Стерн.

Ја извела својата авторска песна под назив „Brand New Day“, а во натпреварувањето се претстави како самоука музичарка која тагува по загубата на татко ѝ.

фото: YOUTUBE

Последните години имала големи проблеми со законот, па така во 2018 година била уапсена поради малолетничко опивање и опивање поврзано со инцидент кој се случил еден месец порано, објави „TMZ“.

Во 2017 година се соочила и со обвинувањата за семејното насилство по што наводно нападнала три членови од семејството во алкохолизирана состојба.


Причината и околностите за нејзината смрт не се јасни ниту на нејзиното семејство.

фото: YOUTUBE

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: