Младата пејачка од „Ѕвездички“ откри детали од стравичното излегување во град: Извадија нож, бевме подготвени да умреме

Младата пејачка од „Ѕвездички“ откри детали од стравичното излегување во град: Извадија нож, бевме подготвени да умреме

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Тара Стојановиќ, која на јавноста ѝ стана позната од музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“, откри дека може да „разговара со мртвите“ и го раскажа страшниот настан кој ѝ се случил за време на една ноќна забава.

„Ова е еден од најморничавите настани кој ми се случи во Белград и од тогаш секогаш навечер се враќам со такси, бидејќи сфатив дека може да биде многу опасно“ - ја започна Тара својата приказна и додаде:

„Тоа беше периодот кога почнав да излегува и искрено не очкеував дека такво нешто може да ми се случи, со оглед на тоа што секогаш сум била опкружена со голем број луѓе. Една вечер излегов со три другари и три другарки во клуб и некаде околу 3 - 4 наутро, кога се враќавме дома, одевме пешки по Бранковиот мост до автобуската станица на Зелен Венец... Некако и пред да се случи ова, секогаш имав страв од таа станица, ми делуваше морничаво“ - кажа таа во обраќањето на ТикТок и порача дека нејзините стравови се оствариле:

„На станицата ни пријде бел автомобил, во кој имаше луѓе кои беа потполно исто облечени - четири бели кошули и четири пара црни панталони. Не прашаа дали сакаме да направиме интервју. Мислевме дека се шегуваат, бидејќи сите бевме познати, бев во друштво на инфлуенсери тогаш, и продолживме да се шегуваме со нив. Тогаш еден другар им кажа дека замараат, по што едниот од тие луѓе што беа во автомобилот скокна на него, почна да му се заканува, да вика на него, а потоа излегоа сите и започна тепачка“ - вознемирено наведе Тара и откри дека таа и останатите девојки со сокриле:

„Ние - трите девојки заминавме и се сокривме на некоја тераса, бевме подготвени да сокнеме и да умреме ако тргнат кон нас. Луѓето од автомобилот им се заканија на нашите другари дека ќе ги убијат и им извадија нож. Во тој момент покрај нас помина некое непознато момче, и луѓето од автомобилот му се пуштија и на него, а на крајот го бркаа со автомобилот. Моите другари беа крвави, и тоа приказната поради која престанав да излегува“ - порача Тара и заклучи дека девојките никогаш не би требало сами да одат во град навечер.

@teodora.tara

Pisite mi vase price u komentarima koje zelite u sledecim videima da ispricam

Комбайна-вършачка - Оркестър Камчия

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: