Младата пијанистка Сара Витанова од Струмица нижи светски успеси и ја донира секоја освоена парична награда за хуманитарни цели

Младата пијанистка Сара Витанова од Струмица нижи светски успеси и ја донира секоја освоена парична награда за хуманитарни цели

12-годишната пијанистка Сара Витанова, ученик во музичкото училиште „Боро Џони “ во Струмица, нижи интернационални успеси, а секоја освоена парична награда ја донира во хуманитарни цели.

Витанова достоинствено ја претставува Струмица и Македонија на светски натпревари и е пример за младите, а градоначалникот на Струмица пишува дека е горд со такви млади луѓе каква што е Сара Витанова:

- Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување.

Во ова време на кризи, младата Сара ја донира секоја своја освоена парична награда за хуманитарни цели.

Сара е пример за млада успешна девојка и пушта јасна порака и до помладите и до повозрасните за тоа како вистински се сака Струмица.

Драга Сара, продолжи по патот по кој одиш, толку млада а веќе формирана комплетна личност. Струмица е горда со тебе - напиша Коста Костадинов.


Можеби ќе ве интересира: