Младите особено мразат еден емотикон: Им се крева косата на глава кога ќе им го испрати некој (ФОТО)
Со задоволство би сакале да се тргне...
Изгледа дека еден емотикон кој е многу чест всушност на поголемиот број млади луѓе им оди на нерви. Младите го мразат, толку многу што некои со задоволство би сакале да се тргне. Некои најверојатно не сфаќаат колку може да го изнервираат оној на кој му го испраќаат.
Не знаеме зошто било кој воопшто го испраќа овој емотикон. Најверојатно и тебе те нервира. Почна дискусија на „Редит“, на социјалните мрежи одвреме навреме некој се жали и приговара поради овој емотикон, а нашите мајки и тетки обожаваат да го испраќаат. Младите воопшто не го сакаат емотиконот „палец нагоре“.
Овој емотикон на генерацијата „Z“ ѝ звучи премногу пасивно и агресивно. Некои даваат предлози дека наместо него подобра замена е било кој друг емотикон. На пример, кога ќе реагирате на нечија порака, подобро е да ставите срце или ништо, отколку „палец нагоре“.
Ако мислеше дека си единствена која не го сака, излегува дека цели две генерации го делат истото мислење. Ретко во што можат да се сложат, но тука немаат проблем. „Кренатиот палец“ некои го сметаат за навредолив. Зошто тој емотикон толку ни пречи? Една личност понуди можно решение: поголемиот број луѓе сакаат да создаваат односи со луѓето и да бидат блиски со нив, а палецот не делува лично и убаво, како на пример срце или „смајли“. И затоа некои луѓе се вознемируваат кога ќе го добијат и не можат точно да сфатат зошто тоа им пречи. Можеби тоа е случај со вас. Мислиш дека сте во добри односи, а потоа ти испраќаат палец. Драма!
Look I don’t make the rules but the thumbs up emoji is passive aggressive. Idk why, it’s bad vibes.
— Christine Richardson (@ChristineRich88) October 7, 2022
The thumbs up emoji is so passive aggressive, I can’t really explain it
— Drift (@DrifterShoots) October 12, 2022
Иако многу луѓе не го сакаат, „кренатиот палец“ е еден од првите и најпопуларни емотикони кои сигурно нема да престанат да се користат.
фото: unsplash.com