Младоженец на 55 години дошол по 5-годишната невеста, таткото вели: Морам да ја продадам ќерката
Хуманитарната криза која го погоди Авганистан по враќањето на талибанците на власт укажува на тоа дека еден проблем ќе стане уште позначаен во наредниот период. Афганистан веќе имаше проблеми со продажбата на женските деца и венчавките низ договорените бракови, а сега тоа се случува со уште помлади деца. Ана Корен, за Си-Ен-Ен известува за семејствата кои се соочени со сиромаштијата и кои ги продаваат сопствените деца за да би можеле да ги прехранат оние кои им остануваат дома.
Во овој сушен, пуст пејзаж, без парче вегетација на повидок, има импровизиран камп за некои внатрешно расели лица од Авганистан. Меѓу неговите жители е и 9-годишната Парвана. Нејзиното светло розово фустанче, криците од смеа, игрите од детство, се мамка за ужасите што се случуваат во оваа негостопримлива средина. Семејството на Парвана се преселило во овој камп во провинцијата Бадгис пред 4 години, откако нејзиниот татко останал без работа. Со хуманитарната помош и рударство, каде заработувал по 3 долари дневно, ги обезбедувал основните прехранбени производи за опстанок. Но, од преземањето на талибанците, пред два и пол месеци, сите пари и помош пресушиле. И бидејќи има 8 усти за хранење, таткото на Парван сега го прави незамисливото.
„Немам работа, пари, храна... Морам да ја продадам мојата ќерка. Немам друг избор“ - вели тој.
Парван која сонува да оди на училиште и да стане наставничка - се шминка. Омилената забава за малите девојчиња. Но, Парван знае дека се подготвува за она што ја очекува.
„Мојот татко ме продаде, бидејќи немаме леб, ориз и брашно. Ме продаде на еден старец“ - вели девојчето, по кое треба да дојде бел брадест маж, кој тврди дека има 55 години.
Ја купил Парван за 200.000 во авганистанска валута, што е нешто повеќе од 2.000 долари. Покриена, Парван лелека додека нејзината мајка ја држи во раце.
„Ова е твоја невеста. Те молам чувај ја“ - вели таткото на девојчето. „Секако дека ќе се грижам за неа“ - одговара мажот.
Неговите големи раце ја зграпчуваат... Парван се обидува да се повлече. Додека тој ја носи нејзината единствена торта со работи, таа повторно се спротивставува, копајќи ги петиците во земја. Сепак, залудно е. Судбината на ова мало, беспомошно дете е запечатена. Детските бракови не се ништо ново во сиромашните, рурални делови на Авганистан. Сепак, активистите за човекови права изветуваат за зголемување на случаите поради економската и хуманитарна криза што ја имаат зафатено земјата.
Ова не е единствен случај, ги има безброј, а во видеото во продолжение погледнете ја веста која ја објавија од Си-Ен-Ен, на почетокот на овој месец: