Многу корисници пријавуваат проблеми со своите профили - им се појавуваат сомничави објави: Дали Фејсбук е хакиран?
Најмногу случаи се забележани на мобилната апликација...
Изгледа дека од утрово Фејсбук има проблем, откако од 6:30 часот се пријавени најмалку 2.800 случаи на „Down Detector“. Имено, корисниците на оваа социјална мрежа се пожалија дека на почетна не им се појавуваат објавите на нивните пријатели, туку некои сомнителни објави.
Најмногу случаи се забележани на мобилната апликација, поточно 53 проценти, потоа 14 проценти на веб-страницата и 4 проценти за време на логирањето.
Како што се наведува, наместо објави од пријателите, им се појавуваат сомнителни објави од страниците на познатите ѕвезди. Најмногу проблеми луѓето пријавуваат на својата почетна страница, односно на feed-от.
@facebook what’s is happening to my feed. #facebookdown pic.twitter.com/MM1ui42fMr
„Дали Фејсбук падна или што? Мојот feed е преполн со спамови од страниците на познатите“ - напиша еден корисник.
Is anyone else’s Facebook broken or have I been hacked. This is my entire feed.#Facebook #MarkZuckerberg pic.twitter.com/WgNwjWVyZE
— SyedShehanFasih (@ShehanFasih) August 24, 2022
Фејсбук, засега се нема огласено во врска со овој проблем, додека од друга страна, поединечни корисници го искористија овој проблем да се пошегуваат, па така еден од нив, на страницата на британската пејачка Адел сподели: „Не знам, но сакам и јас да пробам, здраво!“.
фото: unsplash.com