Многумина од вас би се вратиле на стариот Фејсбук, а еве како да го направите тоа

Многумина од вас би се вратиле на стариот Фејсбук, а еве како да го направите тоа

Само неколку кликови ве делат од враќањето на стариот Фејсбук...

Откако Фејсбук започна тајно да преминува на новиот изглед и им оневозможи на корисниците да се вратат на стариот дизајн на профилот, страниците и групите, постојано расте бројот на корисници кои се прашуват дали е можно да се вратат на стариот Фејсбук.

Доколку и вие сте помеѓу нив, треба да знаете дека постои начин за тоа. Во тоа ќе ви помогне - Old Layout. Станува збор за екстензија за интернет прегледувач, кој функционира така што го „мами“ Фејбук да ја прикаже старата верзија на неговиот изглед. 

Оваа екстензија е доволно само да ја преземете и евентуално, повторно да го вчитате Фејсбук за да ја направите промената видлива. Потоа, во рамките на екстензијата, ќе може да го промените изгледот.

Old Layout е достапен за три популарни пребарувачи и може да ги преземе на овие линкови: Google Chrome, Opera, Mozilla Firefox и Microsoft Edge.

Иако засега би требало да функционира без проблеми, Фејсбук веројатно ќе почне да ви испраќа известување дека го користите стар интернет - пребарувач.

Исто така, може нема да можете да пристапите до некои функции од новата верзија на популарната социјална мрежи, а може и да се случи во некој момент вашиот „ново - стар“ Фејсбук да остане без поддршка за пребарувачот кој го користите.


Можеби ќе ве интересира: