Многумина сметаат дека изгледа евтино: Кајли Џенер е на мета поради новата линија сјај за усни
Кајли Џенер е повторно на удар. Имено, ријалити ѕвездата од „Во чекор со Кардашијанс“, која порано овој месец го роди синот Волф, е критикувана поради својата нова линија сјај за усни, од причина што многумина сметаат дека изгледа премногу евтино.
Кајли на својот Инстаграм профил сподели фотографии од новиот сјај за усни во различни бои на „Kylie Cosmetics“. Иако оваа млада ријалити ѕвезда е очигледно горда на новата колекција, нејзините критичари тврдат дека изгледа „неуредно“ и дека е дизајнирана за помладата публика.
„Зошто производите на Кајли изгледаат толку евтино? Можете да пронајдете работи како нејзината колекција за Денот на вљубените во оние евтини продавници за шминка“ - напиша еден корисник на „Редит“, а друг додаде: „Ова е мали девојчиња. Таа го смета пакувањето за најважен дел, иако обично истото изгледа некако неуредно“.
Инаку, ова не е првпат Кајли да се соочи со негативни реакции поради своите колекции. Минатиот месец, Трикси Мател ја обивини дека ја ископирала нејзината линија за шминка. Трикси навести дека Кајли била инспирирана од нејзината тогашна нова колекција, а тоа го сподели на ТикТок.
фото: Инстаграм