Мода или лудост: Кајли Џенер на улица излезе без панталони - на себе имаше само долна облека (ФОТО)

Мода или лудост: Кајли Џенер на улица излезе без панталони - на себе имаше само долна облека (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

На Модната недела во Париз се појави во долна маица и гаќи...

Не, ова не беше дел од некоја модна ревија или снимање, ако помисли на тоа. Ова е само комбинација која Кајли одлучи да ја носи на Модната недела во Париз. Не би осмелил секој.

Кајли секогаш мора да направи нешто за што ќе се зборува. Да се биде во сенка не е место за неа, а сега уште еднаш докажа дека тоа ѝ успева. На Модната недела во Париз носеше неколку модни комбинации, но една посебно се издвои. Наместо панталони, носеше само гаќи над хулахопки. Со нив искомбинира долна маица. И над сето тоа долг капут. Звучи чудно, но и изгледа чудно. Но, не би очекувале ништо помалку од Кајли. Само покажа дека има храброст (и лудост) да носи нешто што поголемиот дел жени не би го носеле ниту во најлудите соништа. 

Поради комбинацијата на темни хулахопки и моделот на гаќи, кој изгледа како оние типични „бапски“ гаќи, какви со задоволство носиме кога имаме менструација, не изгледа толку разголено. Сите ги изненади со модната комбинација, што поголемиот број луѓе не ни забележаа дека не носи никакви перики, ниту екстензии, туку дека тоа е нејзината вистинска коса. Кајли поголемиот дел од времето носи екстензии, а поради тие неколку пати кога ја покажа својата коса, знаеме дека всушност има боб фризура.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: