Моден двобој на наследничките: Која има подобар стил - ќерката на Цеца Ражнатовиќ или на Драгана Мирковиќ? (ФОТО)
Наследничките на лутите ривалки привлекуваат внимание каде и да се појават...
Анастасија, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ е добро позната на јавноста, додека наследничката на Драгана Мирковиќ со години се криеше од јавниот живот. Меѓутоа, и таа неодамна го отклучи својот Инстаграм профил и со следбениците почна да споделува детали од приватниот живот.
И едната и другата девојка се многу популарни на таа социјална мрежа, а секоја фотографија која ќе ја објават има голем број лајкови, како и позитивни коментари.
Она што најмногу привлекува внимание е нивниот стил на облекување, кој е впечатлив, но и многу различен. Двете се верни на стилот кој го имаат изградено, а нас сега не интересира вашето мислење. Чија наследничка има подобар стил? Погледнете ги фотографиите, па пишете ни го во коментар вашето мислење.
фото: Принтскрин / Инстаграм