Моите очи дајте ги на човек кој никогаш не видел изгрејсонце: Проштално писмо од 13 - годишно девојче на умирање го расплака светот
Прошталните зборови на 13-годишно девојче ја расплакаа
планетата.
Дана Паола Арсиос Рејес, уште од детството боледувала од дијабетес, но поради компликации и мозочна смрт, почина на 13-годишна возраст, на 22 февруари.
Неколку месеци поминала во болница, каде доживеала три срцеви удари, а пред да биде хоспитализирана оставила проштално писмо во кое ја напишала својата последна желба.
Семејството на оваа девојка веруваше во нејзиното закрепнување, но за жал таа ја загуби битката пред неполн месец. По нејзината смрт јавно беше прочитано писмо кое ги расплака сите присутни.
Прошталното писмо:
- Кога моето тело лежи во кревет, а докторот ќе утврди дека мозокот повеќе не ми работи, мојот живот ќе заврши. Кога тоа ќе се случи, не се обидувајте да внесете вештачки живот во моето тело со разни уреди и не го нарекувајте ова моја смртна постела. Дозволте моето тело да им помага на другите во обидот да продолжат да живеат – пишувало во писмото на малата Дана:
- Дајте ги моите очи на човек кој никогаш не видел изгрејсонце. Дај го моето срце на личност чие срце предизвикува само болни денови. Дајте ги моите бубрези на оние кои зависат од машини за да не биде така веќе кај нив – заклучила таа во својата последна желба.
Желбата на оваа племенска девојка била исполнета, па нејзините органи, рожницата, бубрезите и црниот дроб ги добиле три деца, известија од клиниката.
Фото и Видео: Youtube