Мојата ѕвездичка, сега е ѕвезда: Јелена Томашевиќ воодушевена од гласот на Антониа Гиговска (ВИДЕО)
Сите добро знаете дека Антониа Гиговска својата музичка кариера ја започна во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Тогаш во жири беа Гоца Тржан, Леонтина, Хари Мата Хари, Јелена Томашевиќ и Милан Станковиќ, а секој член поединечно не го криеше воодушевувањето од вокалните способности на нашата пејачка.
Денес, шест години подоцна, Антониа може да се пофали со неколку авторски песни, дуети, милионски прегледи на Јутјуб, 100.000 следбеници на Инстаграм, но и глас кој од ден на ден е сѐ подобар и посозреан. Ова го забележа и Јелена Томашевиќ, која некогаш го оценуваше пеење на Гиговска.
Имено, тин ѕвездата на својот Инстаграм профил објави видео во кое ја пее песната „Где да одем да те не волим“, која во оригинал ја пее токму Јелена. Оваа видео заврши и на Инстаграм профилот на познатата српска пејачка, која покрај истото напиша: „Мојата ѕвездичка, сега е ѕвезда“.
Како звучи Антониа, погледнете во видеото во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм