„Мојата јасна слика за посакуваниот модел не беше лесно да се реализира“ – Ива Спасовска за матурската забава
Таа е една од најпознатите дизајнерки во нашата држава. Со својот посебен стил ги освојува своите клиенти. Ива Спасовска веќе неколку години пишува своја историја во светот на модата. Сега кога се во полн ек матурските и апсолветските забави, ја навративме на нејзината матура. Ива само за hashtag.mk откри како изгледала за најважниот ден на секоја тинејџерка, кој бил одговорен за нејзиниот изглед, но и што според неа оваа година ќе биде ИН.
# Важиш за една од најпознатите дизајнерки во Македонија, а неодамна имаше ревија во која ја претстави новата колекција. Но, од кога се јави твојата љубов кон дизајнерството?
Љубовта кон креирање и реализирање на мојата имагинација или оживување на скоро секоја моја идеа почнува да се раѓа уште кога бев дете. А, примарно доминантноста и уникатноста ми е вродена како и желбата сите други девојки и жени да ги поттикнам да блескаат.
# Кој ти беше најголема поддршка во твоите почетоци?
Мојата јасна цел – да го изреализирам модното парче онака како што го замислувам, јас поддршката ја наоѓав примарно во мене, верував дека знам што правам и благодарение на Бог и Универзумот што ми ги подари моите родители онакви какви што се, имаат многу доверба во мене и секогаш се моја поддршка.
# Како тинејџерка кој беше твој идол?
Не сум имала некој посебно кој ме инспирирал, но сум ги сакала Бритни Спирс и Луисана Лопилато или Миа Колучи од серијата Млади Бунтовници.
# Имаше ли навика да дизајнираш парчиња за тебе и твоите другарки?
Даа, секако, имам многу инспирација посебно од луѓе кои долго ги знам и ми значат и точно знам да им погодам до детаљ што со моја лична, а и нивна сатисфакција.
# За кој ја направи првата креација која ти го донесе првиот профит?
Првата моја креација беше корсет за девојка која дојде од Битола.
# Подготвките за матурските забави се во полн ек. Како изгледаше на твојата матурска забава?
Носев nude корсет со кратко здолништа во иста боја изработена од апстрактни елементи на еко кожа во истите тонови како моите сандали.
# Дали вмеша прсти во дизајнирањето на твојот аутфит?
Секако дека да, поради тоа што мојата јасна слика за посакуваниот модел не беше лесно да се изреализира без мене.
# Од денешна перспектива како го оценуваш изгледот за најважната ноќ на средношколците?
Секоја чест за храброста која денеска ја поседуваат матурантките, јас сум горда на нивниот изгледи ги поддржувам во целост.
# Што ќе биде ин оваа година? Што би ги советувала овогодинешните матуратки?
Ин е се што знае да се износи вистински. Совет – да ми се обратат лично мене за било каков совет.
# Совет за младите кои сега почнуваат со дизајнерството?
Храбро со страст и ризик и без многу едукативни чекори – во уметноста нема правила.
# Кој хаштаг најчесто го користиш?
#ivaspasovskaateiler #designersstory.
Ивана Мисајловска