Мојата мајка е кралица: Анастасија Ражнатовиќ не крие колку е горда на Цеца

Мојата мајка е кралица: Анастасија Ражнатовиќ не крие колку е горда на Цеца

Објавена во: Живот // Живот

Викендов помина во знакот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која го привлече вниманието на јавноста по концертот во Љубовија.

Можеби овој концерт немаше да помине толку забележително, доколку за време на истиот не почна да врне силен дожд, кој не ја спречи пејачката да ја напушти сцената.

Временските услови цело време алудирале на завршување на концертот, но Цеца и нејзината многубројна публика останале до самиот крај, а пејачката целата накисната и без обувки ја отпеа една од своите најпознати балади „Ја чу прва“.

За овој нејзин професионализам се огласи и нејзиното момче Богдан Срејовиќ, но и нејзината ќерка, младата пејачката Анастасија Ражнатовиќ.

Гордата ќерка на стори на Инстаграм сподели фотографија од концертот, а на истата стави гиф на кој пишуваше „Мојата мајка е кралица“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: