„Мојата најдолга љубовна врска беше со мојата публика.“ – Тина Тарнер

„Мојата најдолга љубовна врска беше со мојата публика.“ – Тина Тарнер

Објавена во: После „Школо“ // PR

„Мојата љубовна приказна“ е насловот на мемоарите на Тина Тарнер, во кои ќе прочитате за подемите и падовите во животот на неодамна починатата кралица на рокенролот. Оваа книга е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“.

Од младоста во Нетбуш, Тенеси, преку патот до славата со Ајк Тарнер, до нејзиниот фантастичен успех во осумдесеттите години на 20 век и подоцна, Тина искрено ја преиспитува својата лична приказна – искушенија, достигнувања и сè помеѓу. Таа раскажува за годините соработка со најголемите имиња во светот на музиката – Мик Џегер, Кит Ричардс, Дејвид Боуви, Бијонсе – и пишува за тоа како во 1986 година неочекувано ја запознала љубовта на својот живот и како се омажила за него дваесет и седум години подоцна. Како што вели Тина: „Понекогаш најголемата среќа во животот ни се случува кога сме во состојба да ја цениме“. Соочена со низа здравствени проблеми и семејни трагедии што ù се случија последните неколку години, Тина се осврнува на својот неверојатен животен пат, пронаоѓајќи смиреност и цел дури и во најмрачните моменти.

„Мојата љубовна приказна“ е силна и инспиративна приказна за жена која била доволно храбра да ја надмине секоја пречка што ѝ се испречила на патот. Ставајќи ја во центарот на вниманието нејзината впечатлива мешавина од енергија, срце и душа, овие мемоари маѓепсуваат и мотивираат еднакво како кој било од нејзините најголеми хитови.


Книгата е достапна во поголемите книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк:
https://www.literatura.mk/biografii-i-memoari-publicistika/41463-mojata-ljubovna-prikazna

*Пр објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: