Мојата пролет нема да се разбуди никогаш: Емотивни зборови на мајката на Алекса, кој вчера ќе наполнеше 25 години
14-годишниот Алекса Јанковиќ си го одзеде животот со скок од зградата во која живееше...
Алекса Јанковиќ од Ниш, кој на 10 мај 2011 година трагично почина по врсничко насилство, вчера ќе наполнеш 25 години.
Неговата мајка, Драгана Јанковиќ, на овој ден, објави болни зборови.
„И што е животот и како се живее... Од година во година, промена на лошото и доброто, малку среќа некаде успех, понекогаш многу радосни моменти и победи, но тага секогаш, оние тивки во поглед на чекори и мисли. И сѐ може да се смени, одново да се изгради и нареди, само тагата се вовлекува во секој дел од телото како болка и недостиг. И живееш во постојана борба со себе, барајќи место како што сиот бес на беспомошноста ќе излезе како крик, затоа што одамна си ги исплакал сите солзи на овој свет“ - напиша таа и додаде:
„И оваа пролет ќе се вратат ластовиците, сонцето ќе биде над небото, градините ќе расцветаат. И со оваа пролет ќе започне некој нов живот и будење. Само мојата пролет никогаш нема да се разбуди. А, што е животот и како да се живее знаат ноќите, тишината на мислите, самракот и зори со едно сонливо око во боја на костен“.
За потсетување, тогаш 14-годишниот Алекса си го одзеде животот со скок од зградата во која живееше, по осум месеци физичко и вербално насилство од страна на своите врсници.
Потресот на мозок, нога во гипс, психијатриска дијагноза „пострауматски синдром“, го доведоа до трагичниот завршеток.
Неговите родители се обидоа да издејствуваат усвојување на „Законот на Алекса“, кој би помогнал во сузбивањето на врсничкото насилство и би ги спасил другите деца кои ја живеат судбината на Алекса.
Драгана Јанковиќ напиша потресно писмо и за неговиот 20-ти роденден, во кое до детаљ го претстави пеколот кој момчето го доживеал пред да одлучи да си го одземе животот.
фото: Принтскрин / Twitter / @GagaAleksina