„Мојата сопруга е фантастична“: Џастин Бибер го потврди бракот со Хејли!
Пејачот
Џастин Бибер и официјално го призна неговиот брак со моделот Хејли Болдбвин
и тоа преку статус на Инстаграм.
„Мојата сопруга е фантастична“, напиша Бибер на неговиот Инстаграм профил, веднаш под фотографијата на која тој и Хајли се држат за раце.
Освен тоа Хајли и официјално го промени свеото име во Хајли Бибер, а истото го направи и на Инстаграм.
Извор близок на двојката за магазинот People изјави дека Хејли и Бибер се венчале уште на 14 септември во Гратската општина во Њујорк, каде биле потполно сами. Истиот извор наведува дека двојката планира огромна, свадбена веселба на имот во Канада, но сè уште не се знае приближниот датум на случувањето.
Фото: Инстаграм