Мојот брат е најдобар на светот: Како изгледа Петар - братот на Сара Мејс? (ФОТО)

Мојот брат е најдобар на светот: Како изгледа Петар - братот на Сара Мејс? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Македонската пејачката Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс, веќе е во поодмината бременост и наскоро на свет ќе го донесе нејзиното второ дете. Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, ќе станат родители на момче, а тоа го открија на многу интересен начин.

Не крие дека ужива да го поминува слободното време со своето семејство, а освен Димитар, Илина и синчето кое наскоро треба да пристигне, важна улога во животот на Сара игра и нејзиниот помал брат - Петар Костадиновски.

Вчера, на Петар му беше роденден и именден, а Сара со емотивна порака му го честиташе овој ден.

„Ако некој има најдобар брат на светот, тоа е мојот Петар Костадиновски. Пепе наш, среќен роденден и именден, те сакаме до крај на светот и назад, така безброј пати. За многу години Петровден“ - напиша пејачката покрај фотографијата која е направена пред неколку години, а која Петар позира со Илина во раце.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: