Моќно видео: Учениците од училиштето за деца со оштетен вид порачуваат „Биди кул, седи дома“
Учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштете вид „Димитар Влахов“ од Скопје испратија моќна порака преку социјалните медиуми.
Имено, на нивната Фејсбук страница објавија видео под мотото „Биди кул, седи дома“, во кое децата открија како им поминуваат деновите за време на изолацијата. Ментори им беа дефектолозите Марија Србиноска и Мери С. Јовановска.
Затоа бидите храбри и издржете, за сево ова да заврши побрзо. Овие деца и младинци се кул, биди и ти заедно со нив.