Момче кое беше влечено за врат на игралиште со јаже има ПТСН: „Дојде дома плачејќи, сѐ уште има кошмари“.

Момче кое беше влечено за врат на игралиште со јаже има ПТСН: „Дојде дома плачејќи, сѐ уште има кошмари“.

Објавена во: Совети // Семејство

Момчето кое има само 8 години, и два месеци по инцидентот има лузни од јаже на вратот и кошмари, а неговата мајка вели дека малтретирањето на училиште продолжило.

„Се враќаше дома плачејќи, ми кажа дека другото момче му кажало дека мајка му ќе заврши во затвор, дека ќе има проблеми со полицијата. Син ми редовно му вели да се оддалечи, но тој не престанува “, раскажува загрепчанка, чиј син доживеал страшно малтретирање во училишното игралиште на почетокот на мај.

Две момчиња го повлекле нејзиниот син со јаже околу вратот. Играта, која станала насилна, му оставила лузни на вратот, видливи и речиси два месеци по инцидентот.

Мајката кога тој ден го однела дома , тој се пожалил на болки во вратот, отишле на болница, а случајот го пријавила во полиција.

Мајката веќе се пожалила за постапките на насилство на училиштето. Директорката, пак, рече дека сѐ се случувало надвор од работното време на училиштето, но дека без разлика на тоа, училиштето преземало сѐ што било потребно според протоколот.“

Две недели по инцидентот, повреденото момче било дома. Се плашело да се врати на училиште.

Но, мајката вели, психичкото малтретирање продолжило.

„Сѐ уште има кошмари, ден пред да оди училиште се гуши, кашла. Може да се вознемири и поради некој филм", вели неговата мајка.

И повторно се пожалила на училиште, праќала мејлови, а овој пат за сѐ ги известила Агенцијата за воспитување и образование, Министерството за образование, просветниот инспекторат, Центарот за социјални работи.

„Нема да дозволам такви работи да се прикриваат и моето дете да биде жртва на туѓи интереси, тие се штитат себеси, а на тој начин го штитат и насилникот“, вели мајката.

Во меѓувреме, дијагностициран е и нејзиниот син. Осумгодишното момче и официјално боледува од ПТСН (пост-трауматско стресно нарушување).


Извор: dnevnik.hr


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: