Момче од Хрватска на 17 години гејмањето го претвори во работа: Игра по 8 часа на ден и заработува завидна сума на пари
Стана светски вицешампион во гејмање...
Веројатно секое момче сонува да биде во негова кожа. Играњето игри по цел ден и уште заработувајќи пари од тоа за многу од нив сигурно звучи како рај. Ова момче го претвори во своја реалност - и сега е светски шампион.
Секое хоби денес може да се претвори во извор на приход, па дури и играње видео игри. Домагој Фанчев е 17 - годишник од Карловац, кој е еден од најдобрите гејмери во светот. Не во Хрватска. Во светот! Тој штотуку ја освои титулата светски вицешампион на едно големо натпреварување и по тој повод гостуваше во РТЛ Директ за да раскаже малку повеќе за она што го прави.
Домагој е член на една од најреномираните организации за видео игри во светот, Фанатика. Домагој, или под своето гејмерско име - Дома, поминува најмалку 8 часа на ден на компјутер и игра игри. Звучи како глупост, но ова му носи месечна плата до 10.000 американски долари. Сега е гостин на турнирот на кој заедно со неговиот тим собраа 100.000 долари. Играта што ја играа се вика „Валорант“, која е релативно нова, но стана добро позната во гејмерскиот свет и има голема публика.
Парите ги заработуваат преку стримови и учество на натпревари, а „Twitch“ е главното место за проследување. Домагој својот прв приход го остварил пред 3-4 години, а потоа неговите родители сфатиле дека играњето игри не е само обично хоби и начин да се убие времето. Тие го поддржувале од самиот почеток, што е особено важно со оглед на тоа што Домагој сè уште не е ниту полнолетен.
фото:AlessandroBiascioli / Shutterstock
Postao je svjetski vicepr