Момче пливало на популарната плажа, а 5 дена подоцна почнал пеколот: Смртоносна амеба му го јаде мозокот, се борат за неговиот живот

Момче пливало на популарната плажа, а 5 дена подоцна почнал пеколот: Смртоносна амеба му го јаде мозокот, се борат за неговиот живот

Објавена во: Живот // Живот

Кејлеб Зигелбауер се разболел пет дена откако пливал на популарната плажа! Прво имал главоболка и треска, а потоа му била дијагностицирана смртоносната инфекција!

Тинејџерот се бори за живот откако, додека пливал на популарната плажа, собрал амеба која му го јаде мозокот. Амеба е вид на клетка или едноклеточен организам кој има способност да ја менува својата форма. Кејлеб Зигелбауер (13) на 1 јули пливал на плажа во Порт Шарлот, Флорида кога се заразил со смртоносната инфекција.

Пет дена по пливањето се пожалил на главоболка, а потоа добил и треска и станал дезориентиран. Кејлеб итно бил префрлен во болница, каде на крајот било потврдено дека во него има амеба која му го јаде мозокот. Првично му бил дијагностициран менингитис и бил примен на Одделот за интензивна нега на педијатрија, пренесува „Mirror“. Во повеќето случаи на инфекција со амеба, пациентите не покажуваат симптоми, бидејќи амебата живее мирно во нивното тело.

Тетката на Кејлеб, Кејти Чит, за „NBC2“ изјавила: „Многу пати луѓето не стигнуваат до болница доволно брзо. Се надеваме дека ќе успееме.“.

Кејти Чит истакнала дека Кејлеб покажувал симптоми неколку дена пред семејството да сфати дека местото каде бил да се капел би можело да биде причина за болеста, бидејќи читале за амебата која го напаѓа мозокот и предизвикува ретка инфекција, која се нарекува примарен амебен менингоенцефалитис.

Паразитот може да се најде во топлите слатки води, вклучувајќи езера, бари, реки, топли извори и почва. Пријавено е дека „Naegleria fowleri“ ги инфицира луѓето кога водата што ја носи амебата влегува во човекот, користејќи го носот како пристапна точка. Потоа патува до мозокот и го оштетува мозочното ткиво, пренесува „The Sun“.

фото: Принтскрин / GOFUNDME.COM

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: