Момче со Даунов синдром не може да се оддели од новородената сестра: Проблем е и кога мајката ќе ја земе во раце
Кога Ешлин и Логан Вилијамс го донеле дома своето седмо дете, ќерката Колинс, не биле сигурни како нивниот едногодишен син Брукс ќе реагира на неа. Но, се испоставило дека не требало воопшто да се грижат.
Малото момче има Даунов синдром така што неговите родители биле загрижени дека тој нема да ја разбере потребата да бидат нежни со неа. Меѓутоа, во моментот кога таткото ја ставил Колинс покрај нејзиниот брат, тој во потполност се заљубил.
Додека ја гледал својата мала сестра, лицето му било прекриено со неверојатна насмевка. Тој всушност толку ја сака што не сака да испушти од вид. Кога мајка му ја зима Колинс во раце, малиот Брукс почнува да плаче.
„Ја сакаш ли назад? Во ред. Во ред.“ - може да се слушне како Ешлин зборува на снимката. Штом повторно му ја вратила сестричката, тој веднаш престанал да плаче и ја гледал со таква љубов што на сите што го погледнале видеото им се насолзиле очите.
„Тој веќе толку многу ја скаа. Тој е прекрасно момче со многу љубов и многу нè израдува неговата реакција“ - порача гордата мајка.