Момчето кое го извлекуваат од срушената зграда, неутешно плаче: Потресно видео по земјотресот во Турција
Спасувачките екипи со часови извлекуваат мртви и повредени луѓе од рушевините...
Најмалку 300 луѓе настрадаа во Турција и Сирија, откако вчера турската провинција Кахраманмарас ја погоди силен земјотресен со јачина од 7,4 степени според Рихтер.
Спасувачките екипи со часови од урнатините излегуваат мртви и повредени луѓе, а потресно видео стигна и од Сирија, на кое се гледа како спасувачите се обидуваат да го утешат момчето кое го извлекле од урнатините.
Момчето, кое нема повеќе од 3 години, неутешно плаче, додека спасувачите го држат во раце откако го извлекле од срушената зграда.
фото: Принтскрин