Момчето кое воодушевува: Сите велат дека тој е новиот Џастин Бибер (ВИДЕО)

Момчето кое воодушевува: Сите велат дека тој е новиот Џастин Бибер (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Како ти се допаѓа неговиот глас?

Џастин Бибер денес ги полни најголемите стадиони во градовите ширум светот, но најголемите негови обожаватели и денес се сеќаваат на неговите почетоци. Се прослави благодарение на својот талент и својот глас. Сега едно друго момче ги потсети на Џастин.

На улиците во поголемите градови често може да се сретнат улични музичари. Некои се толку лоши што со задоволство би им платиле за да престанат да свират, но има и такви кои се толку добри што застануваме и уживаме во нивниот талент. Иако кај нас нема толку многу улични музичари, бидејќи немаме толку големи градови, во другите европски метрополи ги има многу повеќе и често менуваат.

Едно момче сега го привлече вниманието на ТикТок. Со својата изведба на улица сите ги потсети на Џастин Бибер, бидејќи познатиот пејач пред многу години својата кариера ја започна токму така. Како мал пеел на улиците во својот град. Сега мајката на ова момче сподели видео на кое се гледа како пее и за многу кратко време ги воодушеви сите.

@tuckers123

original sound - julie howlett

Во коментари многу луѓе пишуваа дека се изненадени бидејќи случајните минувачи го одминувале, а други пак во него го видоа Џастин.

Иако е чудно, но ова изгледа е првпат никој да немаше да каже нешто лошо. Со оглед на тоа колку години има, дефинитивно има глас кој изненадува и кој најверојатно никој не би го очекувал. Се гледа дека сака да пее и кога ќе порасне, сигурно ќе слушаме за него.

фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: