Момчето на Цеца ја сподели првата заедничка фотографија со пејачката: Не ја тргнаат насмевката од лице

Момчето на Цеца ја сподели првата заедничка фотографија со пејачката: Не ја тргнаат насмевката од лице

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката и младиот Срејовиќ веќе неколку месеци се во емотивна врска, а се запознале на роденденската забава на една пријателка...

Веста дека пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ, осум години помлад, одекна како бомба. Откако оваа вест беше објавена во јавноста, Цеца и нејзиниот емотивен партнер повеќе не се кријат.

Ражнатовиќ го посети родниот град на своето момче, го запозна неговото семејство, а потоа тие заминаа во Копаоник каде одлично се забавуваа, а ќерката на Богдан, Искра им правеше друштво. Ражнатовиќ досега неколку пати објавуваше заедничка фотографија со Богдан и неговата ќерка, а сега тоа го направи и младиот Срејовиќ за првпат.

Имено, Срејовиќ објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која ужива во друштво на својата понежна половина и заеднички пријатели во ресторан, а она што е евидентно е дека има одлична атмосфера меѓу овие луѓе. Цеца раката ја имаше ставено на рамото на своето момче, а и двајцата не ја тргнаа насмевката од лицето.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: