Момчето од „Сам дома“ стана татко: Меколи Калкин доби шанса за среќен живот
Ѕвездата на филмот „Сам дома“, Меколи Калкин и неговата партнерка, актерката Бренда Сонг, добија принова, а на бебето му го дадоа името Дакота, по неговата почината сестра.
Бренда Сонг се породила на 5 април, а тие долго ја криеја нејзината бременост, сѐ додека стомакот не започна да ѝ биде забележлив. Минатата година беа фотографирани на прошетка со домашните миленици, а во детска колична неместо бебе возеа мачка.
90 - годишниот Калкин порано зборуваше за својата желба да основа семејство со поранешната ѕвезда на Дизни каналот. Двојката е во врска од 2017 година, а Калкин скоро 9 години беше во врска со Мила Кунис, пред да се разделат во 2011 година.
Congratulations to Macaulay Culkin and Brenda Song on the birth of their first child, Dakota Song Culkin, who was born on Monday, April 5! pic.twitter.com/1ys07clcWK
— The AHS Zone (@ahszone) April 12, 2021
Во текот на детството Калкин се соочувал со малтретирањето од страна на татко му, кој ги прошел парите на својот син. Кога Калкин не сакал да глуми повеќе, неговиот татко го присилувал да го прави тоа поради што несреќното момче уште во тинејџерските години запонало да користи опијати и затоа денес не личи на себе.
фото: Profimedia