Момчето убиец ниту шест дена по масакрот на Врачар не покажува каење: Не ги барал родителите, а за докторите има само две прашања
Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади...
13-годишното момче К.К., кој со пиштолот на својот татко уби 8 врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денес, на шест дена по монструозниот чин, не покажува каење, а за докторите има само две прашања.
Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во „Д-р Суботиќ“, потполно смирен и има само две прашања: „Кога ќе излезам од тука?“ и „Какви се реакциите за она што го направив?“.
Момчето не барало никаков контакт, ниту барало да ги види родителите.
Опишувајќи ја моменталната состојба во која што е сега момчето, извор за „Блиц“ наведува дека момчето смета и се однесува како да е во прашање момент кога ќе излезе од Клиниката, односно кога ќе биде слободен.
Тој го очекува тој момент и судејќи по сѐ убеден е дека тоа треба да биде овие денови.
„Второто прашање кое го поставува е како впечаток оставил, какви се реакциите. Што се случува надвор и тој очекува да е популарен. Неговите очекувања се дека ќе се соберат луѓе под неговиот прозорец и ќе му скандираат“ - објаснува соговорникот.
Според она што го пишува „Блиц“, тој не добива седативи, бидејќи е „комплетно смирен“.
Тим на доктори работат на утврдување на фактите и состојбата на момчето, кои претходеле на монструозниот чин, но и на извршувањето.
фото: Принтскрин / Фејсбук