Момчето убиец пред масакрот ги гуглало овие рбаоти: „Најпознатите убијци“, „Ел Чапо“...
Кисиќ посочи дека момчето се наоѓа во делот на детска психијатрија и дека не може да се случи да биде пуштено дома...
13-годишното момче К.К., кое во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград направи масакр каков што не се памети во регионот, скоро секојдневно на „Google“ ги пребарувал најмасовните убијци на светот, дознава „Телеграф“.
Бил воодушевен од Ел Чапо.
„Останавме зачудени кога дојдовме до сознание дека секојдневните пребарувања му биле за тоа кои се најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртвите... Често го пребарувал и Ел Чапо барајќи нови информации за него“ - откри изворот кој е запознаен со истрагата.
Како што неофицијално дознава „Телеграф“, момчето гледало филмови и серии кои ја прикажуваат болката на семејството на убиените. К.К. еден месец го планирал злосторството. На неговата работна маса полицијата пронашла и две белепки. На едната била мапата за движење низ училиштето, а на другата имињата на 16 деца. На списокот за ликвидација имало деца кои не ги познавал. Постојат сомнежи дека ја посакувал нивната смрт, бидејќи во нешто биле подобри од него.
За тоа дека не е кривично одговорен К.К. дознал откако го истржаил Кривичкиот закон на Србија.
По масакрот не покажувал ниту ронка каење. Бил ладен.
фото: Принтскрин / Фејсбук