Момчињата се изјаснија: Кои емотикони МРАЗАТ да ги добиваат, а со кои ќе ги освоите?

Момчињата се изјаснија: Кои емотикони МРАЗАТ да ги добиваат, а со кои ќе ги освоите?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Со емотиконите можеш да кажеш нешто што со зборови никогаш нема да успееш...

Сигурно и ти некогаш се имаш уловено како размислуваш за тоа кој емотикон да го ставиш на крајот на пораката, бидејќи не сакаш да бидеш погрешно сфатена. Едно истражува откри кои емотикони сепак е подобро да не му ги испраќаш на момчето кое сакаш да го освоиш.

Колку често испраќаш порака, а да нема ниту еден емотикон? Ретко. Колку години и да имаме, емотиконите сите ги користиме. Забавни се, а некогаш може да помогнат да кажеме работи кои со зборови не можеме да ги доловиме. Доколку само што имаш започнато да се допишуваш со некое момче, кое ти се допаѓа и сакаш да го освоиш, едно истражување одлучи да ти помогне. Страницата за допишување „Plenty Of Fish“ спроведе истражување за да дознае кои емотикони ги нервираат момчињата, а на кои „паѓаат“. Во истражувањето учествувале 2000 луѓе, од кои половина биле момчиња. Најмногу од нив биле помлади корисници, а еве што дознале.


Дури 32% од нив кажале дека емотиконите им се најдраг облик на допишување, затоа што и самите многу често ги користат. Бидејќи со текот на години има се повеќе различни емотикони, преку кои можеш да кажеш многу повеќе работи со нивна помош. Проблемот настанува единствено кога ти и личноста со која се допишувате немате исто мислење за тоа што значи одреден емотикон. Момчињата открија кои три емотикони особено ги мразат кога им ги испраќаат девојките. Тоа се:

# модар патлиџан - 75% од нив кажаа дека не го сакаат

# праска - 49% од нив кажаа дека не го сакаат

# оган - 32% од нив кажаа дека не го сакаат

А, кои емотикони сакаат да им ги испраќаат девојките?

# смајли кое намигнува - 55% од нив кажаа дека им е омилен

# смајли кое испраќа бакнеж - 43% од нив кажаа дека им е најдраг

# смајли со срциња во очите - 41% од нив кажаа дека им е најдраг

Исто така проверија и на кои пораки ќе одговорат со гаранција. Без разлика дали на некој му пишуваш на страница/апликација за запознавање или пак конечно се одлучи да му пишеш на Инстаграм на момчето кое ти се допаѓа, пораката со која имаш најмногу шанси да ти врати е онаа која се однесува на некој заеднички интерес или искуство кое ви е заедничко.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: