Момци во костуми одат на кино за да гледаат еден хит филм: Што се крие зад овој тренд? (ВИДЕО)
Сѐ започна на социјалните мрежи...
Како и секој тренд, и овој се роди на социјалните мрежи, но пред да помислиш дека е нешто лошо, овој тренд е само забава и ништо лошо не е поврзано со него. Момците облечени во костуми одат на кино да гледаат еден специфичен филм.
Не знаеме дали овој тренд го има и кај нас, но во светот постојано расте. Одеднаш кино салите почнаа да се полнат со млади момци во костуми, облечени како да одат на некоја свечена вечера. Но, за што станува збор?
Во костуми доаѓаат да го гледаат филмот „Minions: The Rise of Gru“. Станува збор за ново продолжение за популарните жолти човечиња. Ова е всушност предпродолжение и во фокус е 11-годишниот Гру, кој има мисија да се приклучи на супер-криминалната група Vicious 6. Филмот е голем тренд во моментов, а уште поголем тренд е публиката која доаѓа во костуми.
@bill.hirst #fyp #minions #banana original sound - billh
Луѓето кои доаѓаат така облечени се нарекуваат „gentleminions“. Станува збор за тренд, кој на светската сцена постои веќе некое време. Кога во кино ќе почне нов филм, луѓето доаѓаат тематски облечени. Костумите некогаш се тема во филмот, а некога тоа е нешто сосема спротивно.
@lyndon.c Despicable af #fyp #minions #riseofgru #cineplex #gentleman original sound - billh
За овој филм, трендот е многу повеќе вирален отколку порано. Зборот се прошири и сега многу млади момци доаѓаат во костуми да ги гледаат „Minions“. Голем дел од нив го прават ова од забава. Но, како и секогаш, има и такви кои прават проблеми. Наводни во некои кино сали им забраниле на луѓето да доаѓаат во костуми, бидејќи фрлале банани наоколу и правеле неред. Тоа никако не е дел од овој тренд и не е однесување кое треба да се има.
@benedicthoward_ The most anticipated of the year. #riseofgru #minions #gentleminions el que usa el audios es gay. - Juani.Yelich
фото: Принтскрин / Инстаграм