Моментално е најомразената личност на Интернет: Зошто Хејли Бибер ги губи обожавателите со брзина на светлината?
Сите преминаа во тимот на Селена...
Хејли Бибер е личност за која се зборува, но не во позитивна смисла. Иако секој реклама ѝ е добра или барем така вели, на Хејли ова би можело да ѝ се удри од глава, бидејќи следбениците ги губи како никогаш досега.
Тешко е да се остане на страната на некој кој се однесува како насилни или „злобна деовјка“. Барем така обожавателите ја карактеризираат Хејли Бибер последниве денови. Драмата Селена Гомез vs. Хејли Бибер навистина ескалираше. Селена масовно добива нови следбеници, Хејли ги губи, а исто така и Кајли. Иако секоја реклама е добра реклама, бидејќи иако е негативна, моментално се зборува за Хејли.
Во овој случај не сме сигурни дека овој став нешто вреди, бидејќи иако се зборува за неа, со брзина на светлината ги губи обожавателите. На сите социјални мрежи има движења против неа. Таа и Кајли одлучија да ја исмејуваат Селена и тоа им се удри од глава повеќе отколку што можеби очекуваа. Кога луѓето видоа колку е безобразна кон Селена, која ништо ѝ нема направено, се создаде армија која одлучи да ѝ го згорчи животот на Хејли еднакво како што таа ѝ го прави тоа на Селена. Без разлика дали се нејзини обожаватели или не, сега сите се на страна на Селена.
Која социјална мрежа и да ја отвори, луѓето немаат милост кон Хејли и ја бранат Селена со сите сили. Коментарите кои ги оставаат под фотографиите на Инстаграм, на неа и Џастин се полни со лоши критики. Иако Хејли се прави дека работите се во ред и се однесува како ништо да не се случило, ако дадете еден поглед на коментарите сѐ е јасно. За само неколку дека прилично ѝ падна бројот на следбеници, а секој ден паѓа сѐ повеќе. Со 50.7 милиони преку ноќ падна на 50.1 милион. Можеби е мала разликата, но толку голем пад на следбеници немала никогаш.
@basicallyitsemma Such a fkn immature mean girl #teamselena Gods Timing Is always right - Nathaniel
На ТикТок сите се обединија да ја стават во тренд аудио песната на Ники Минаж во која пее за Џастин и Селена. Селена не би му се одмаздила на никој, но нејзините обожавателите не чекаа долго.
@kyrapassantee Not one for mean girls! #Selenagomez since day 1! #haileybieber #haileybieberbully #meangirls original sound - user61894893531
Многумина ја паметат Гомез од детството до каналот на Дизни и сериите и филмовите во кои глумеше. Дури и ако досега не биле нејзини големи обожаватели, сега сепак се на нејзина страна поради тоа што тогаш беше икона, а остана и досега. Од друга страна, Хејли сите ја прозиваат дека била никој и ништо додека не се омажила за Џастин.
@melissaxwoon I am one of those toxic supporter
original sound - user61894893531
Многу малку луѓе се на страната на Хејли во оваа драма. Засега, ниту една страна не ја искоментира постоечката ситуација, а Селена само кажа дека го надраснала детското однесување кое го имаат Хејли и Кајли и дека се повлекува од социјалните мрежи на некое време. Додека неа ја нема, тука се нејзините обожаватели да се заложат за неа. Веруваме дека овие денови нема да ѝ биде лесно на Хејли.
фото: Принтскрин / Инстаграм