Моментално овие 10 девојки се на врвот во светот на моделингот: Кои се најплатените модели на светот?
Тие се главни, но која е најглавна? Само една може да биде најплатена.
Светот на моделингот е суров. Девојките прават се и сешто за да добијат 5 минути популарност и можност да прошетаат по една од најексклузивните модни писти, но само неколку успеваат во тоа. Овие девојки се некои од оние ретки.
Да се успее и пробие во светот на моделингот не е лесно, но исто така не е и невозможно. Треба да изгледате како што индустријата очекува да изгледа типичен модел, како и да имате малку среќа. Оние кои ќе успеат ќе имаат многу отворени врати и можности. И секако многу добар приход. Да се биде на топ-листата на најплатени модели е нешто што секој би го посакал, а кои се најплатените модели во моментот? И, која е главната во моментот, која заработува најмногу во модната индустрија? Вака изгледа листата од топ 10 модели!
# Дауцен Крос - заработка од 8 милиони долари
# Бела Хадид - заработка од 8,5 милиони долари
# Џоан Смолс - заработка од 8,5 милиони долари
# Џиџи Хадид - заработка од 9,5 милиони долари
# Кара Делевињ - заработка од 10 милиони долари
# Жизел Бундшен - заработка од 10 милиони долари
# Роузи Хантингтон Вајтли - заработка од 11,5 милиони долари
# Криси Тиген - заработка од 11,5 милиони долари
# Карли Клос - заработка од 13 милиони долари
# Кендал Џенер - заработка од 22,5 милиони долари
Ова листа се менува секоја година, но по моменталните податоци Кендал е таа која сите ја сакаат и која заработува најмногу и никој не може да ѝ се доближи, кога е заработката во прашање.