Моментот кога го извлегувале момчето од рушевините во Мајами: Акцијата за спасување ќе мора да се сопре поради невремето кое доаѓа

Моментот кога го извлегувале момчето од рушевините во Мајами: Акцијата за спасување ќе мора да се сопре поради невремето кое доаѓа

Објавена во: Живот // Живот

Момчето на околу 10 - годишна возраст е извлечено од рушевените на зградата, која синоќа се сруши во Мајами...

Најмалку едно лице е починато, а повеќе од осум се повредени во рушењето на деловите од зградата во Мајами.

Спасувачките екипи со часови трагаа по урнатините и  стравува дека ќе мораат да ја прекинат акцијата бидејќи на овој дел од градот се приближувало силно невреме.

Зградата се сруши ноќта помеѓу средата и четвртокот околу 2 часот по локално време, додека станарите спиеле.

Очевидци велат дека се слушнал татнеж и дека тие не можеле да видат ништо од облакот од прашина. Кога се расчистила прашината, тие сфатиле дека половина од станбената зграда во која има околу 100 станови се срушила.

За неколку минути на местото пристигнале повеќе од 80 пожарникари и спасувачи кои со часови ги извлекувале повредените и трагале по преживеаните.

Од урнатините било извлечено и момче старо околу десет години. Тежината на неговите повреди не е позната. На видеото се гледа како момчето е извлечено од урнатините, а потоа како пожарникар го носи преку рамото и се обидува да го пренесе на безбедно место.


Според американските медиуми, една жена го загубила животот во овој трагичен инцидент, а се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

Причината за уривањето на станбената зграда сè уште не е позната.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: