МОН донесе одлука: Свидетелства ќе се делат на 1-ви септември

МОН донесе одлука: Свидетелства ќе се делат на 1-ви септември

Објавена во: Совети // School zone

Министерството за образование и наука во текот на вчерашниот ден донесе одлука сведителствата за оваа учебна година да бидат доделени на учениците на 1.септември на стартот на новата 2020/2021.

Првично, учениците требаше да си ги земаат оценките на 26. јуни, но поради актуелната криза со корона вирусот и со се поголемиот број на новозаразени, оваа завршна активност на училиштата се одложува за од септември.

Дел од родителите со кои разговараше Фактор велат дека ова е сосема исправна одлука заради заштита на граѓаните од корона вирусот, и покрај тоа што училиштата имаат протоколи и спроведуваат превентивни мерки.

Сепак, според одлуката на Министерството за образование, сведетелствата ќе бидат издадени на оние ученици кои имаат потреба да се префрлуваат од едно училиште во друго, но за ова ќе треба претходно да се најават и да секако да ги преземат сите мерки за заштита при земање на сведетелствата.

А.Б.

Целиот текст на Фактор.мк

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: