МОН го објави конкурсот: Во јуни започнуваат уписите во средните училишта

МОН го објави конкурсот: Во јуни започнуваат уписите во средните училишта

Објавена во: Совети // School zone

Министерството за образование го објави конкурсот за пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта. 

Во конкурсот за учебната 2020/2021 година детално се наведени сите потребни документи кои учениците треба да ги приложат при пријавувањето, како и преглед на наставните предмети од основно образование, кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Целиот конкурс кој го објави Министерството за образование може да го погледнете ТУКА.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: