МОН имаше три месеци и не направи ништо: Сојузот на средношколци се залага за комбиниран метод на настава
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија изминатиот период не мируваше. Имено, откако обелоденија дека во некои средни училишта наплаќаат такси за издавање на свидетелствата сега се изјасни и по повод на новата учебна година.
Тие велат дека се залагаат за комбинираниот метод на настава, со кој дел од учениците ќе бидат во своите клупи, а останатиот дел истата ќе ја следи онлајн. Исто така посочија дека најголем виновник за целата неизвесност гледаат во Мистерството за образование, кое според нив имало три месеци за да се фокусира на клучниот датум - 1 септември, а сепак не направило ништо.
Во продолжение ви го проследуваме целосното излагање на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија: