Мора да ги почитуваат: Строгите правила кои Илон Маск им ги поставил на децата
Што мислите вие за овие правила?
Илон Маск е еден од најбогатите луѓе на светот и неговиот живот, но и животите на неговите деца интригираат многумина. Секако, за таа тема не се знае премногу, но сепак знаеме некои правила кои мора да ги почитуваат децата на Илон.
Еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск е татко на седум деца - близнаците Ксавиер и Грифин (18), тројката Кај, Саксон и Дамијан (16) кои ги доби со поранешната сопруга Џастин и синот X AE A-XII (2) и ќерката Exa Dark Sideræl, кои ги доби со девојката Грајмс. А, за да се осигура дека неговите деца ќе израснат во што подобри луѓе, Илон им поставил низа правила. Некои од нив ги пронајдовме на „YourTango“.
# Мораат да учат во училиште кое тој го основал
Маск во 2014 година во Калифорнија основал сопствено училиште, кое го организирал според сопствените уверувања. Тој во едно интервју напомена дека ова училиште се разликува од традиционалните по тоа што не е толку ориентирано кон оценките и класичниот начин на оценување, туку децата мора повеќе да се фокусираат на критичкото размислување.
# Илон не учествува во нивното воспитување додека се бебиња
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Илон откри дека всушност нема улога во грижата за своите деца додека се бебиња и дека тоа ѝ го препушта на нивната мајка. „Не можам да направам многу во моментов. Грајмс сега има многу поголема улога во воспитувањето од мене. Кога децата ќе пораснат, тогаш многу повеќе се занимавам со нив“ - кажа тој.
# Мора да читаат повеќе отколку да играат игри
Иако Илон сака игра и тие, на крајот му помогнаа да стигне таму каде што е, тој сепак верува дека неговите деца треба да поминуваат двојно повеќе време читајќи книги, отколку играјќи игри. Илон го вовел ова правило за да се увери дека неговите деца нема да станат зависни од „екраните“.
# Треба да се соочат со тешкотиите
Илон сега е еден од најбогатите луѓе во светот и ужива во различни луксузи. Но, тоа не било така отсекогаш. Имено, до 15-годишна возраст тој често трпел врсничко насилство на училиште, а на 17 години сам и без поддршка од родителите се преселил од Јужна Африка во Канада. Иако и самиот вели дека не му било лесно, смета дека тоа прилично му го зацврстило карактерот.
Затоа, Илон смета дека не треба премногу ги штити своите деца и дека понекогаш треба да ги остави да се соочат со разни потешкотии.
фото: Принтскрин / Инстаграм