Морничава мистерија стара 35 години: Имала само 9 години кога среде бел ден исчезнала без трага
Едно саботно утро во ноември 1988 година, 9-годишната Мишел Гарет и нејзината пријателка се возеле на тротинети по улиците на Хејворд, Калифорнија. Неколку моменти подоцна, Мишел била вовлечена во автомобил од непознат маж и никогаш повеќе не била видена.
Катрина Родригез, пријателката на Мишел била единствениот сведок на киднапирањето. Родригез веднаш им кажала на родителите што се случило, кои потоа повикале полиција, но таа на властите им дала опис на погрешна личност. Овој неточен извештај потоа беше циркулиран во медиумите во следните 48 часа, давајќи му на киднаперот доволно време да избега.
По киднапирањето, исчезнувањето на Мишел стана еден од најинтересните случаи во земјата. Локалната полиција, примила над 5.000 пријави во првата година од истрагата. Била најавена награда од 70.000 долари, нејзината фотографија била ставена на пакувања со млеко и билборди низ целата земја, но ништо не довело до трага.
Во текот на годините, полицијата истражувала различни траги, но ниту една не довела до резултати. Случајот со изчезнатото девојче „тапкаше во место“ до 2009 година, кога спасувањето на Џејси Ли Дугард од канџите на нејзиниот киднапер го врати исчезнувањето на Мишен во центарот на вниманието, но ниту тогаш полицијата не го пронајде киднаперот.
Потоа, во 2020 година, по 32 години истрага, илјадници сослушувања и десетици интервјуа, полицискиот оддел Хејворд и ФБИ идентификуцаа осомничен - користејќи отпечаток од прст земен три децении порано од скутерот на Мишел. На 21 декември 2020 година, Дејвид Миш беше обвинет за киднапирање и убиство на Мишел Гарет.
Миш беше во затвор 30 години откако беше осуден за убиство на 36-годишна жена во 1989 година. Тој исто така го чекал судењето за неговата поврзаност со киднапирањето и убиството на две други млади жени во 1986 година.
Со напредокот на софтверот и технологијата, истражувачот повторно го преиспитал отпечатокот пронајден на скутерот во 1988 година и го поврза со Миш. Исто така, во тоа време Миш го возел истиот автомобил што го опишала пријателката на Мишел на денот на киднапирањето.
Иако Дејвид Миш сега го чека судењето за киднапирањето и убиството на Мишел Гарет, тој никогаш не го признал делото и одбива да соработува со полциијата, како што пишува Њујорк Тајм.с
Иако се уште не се знае каде се посмртните останки на исчезнатото девојче, окружната обвинителка на округот Аламеда, Ненси О'Мали се надева дека овој најнов развој ќе му донесе барем малку олеснување на семејството на девојчето. Во изјавата, таа посочи дека се надева дкеа обвиненијата против Миш „ќе му донесат утеха на семејството на Мишел, знаејќи дека правдата ќе победи, дури и по 35 години од ова ужасно злосторство“.
фото: Принтскрин / Пинтерест