Морничавата судбина на најубавото момче на светот: Несреќи го следеле од детството, а една погрешка одлука му го уништила животот
Популарноста ја доживеал преку ноќ, а потоа животот му се претворил во пекол...
Бјорн Андрсен на само 15 години доживеал светска популарност, а потоа животот преку ноќ му се претворил во пекол. Ниту денес, 50 години подоцна, не може да се опорави.
Познатиот режисер Лучино Висконти низ Европа во 1970 година се пуштил во потрага по совршено убав актер, кој ќе ја глуми главната улога во неговиот претстоен филм „Death in Venice“.
Го нашол она што го барал, ангажирајќи го 15 - годишниот Бјорн Андрсен да го глуми момчето по име Таџио.
Бјорн во тој момент имал само 15 години и како што кажал и самиот, тој ден влегол во лавовската јама без воопшто да биде свесен за тоа.
Филмот премиерно бил прикажан во 1971 година, а преку ноќ станал вистински хит, а Бјорн станал најголема ѕвезда. Денес, на 66 години, со долга седа брада и седа коса повеќе не личи на себе. На прашањето што би му кажал денес на Висконти, тој вели дека би го откачил.
Bjorn Andresen pic.twitter.com/zdH8l3wEo6
— bot (@_tyuseibi) June 18, 2016
Секој кој ќе го изгледа документарецот за неговиот живот под назив „Најубавото момче на светот“, нема да остане зачуден од овој одговор.
„Висконти не се грижеше за моите чувства, парите му беа само важни. Таа улога ми го уништи животот. Јас сакав да бидам пијанист, но по тој филм никој не се грижеше за мојот талент“.
Снимањето на овој филм бил само почеток на сите неволји кои го следеле понатаму во текот на животот.
Бјорн израснал без родители. Кога имал 10 години, неговата мајка исчезнала, а полицијата шест месеци подоцна ја пронашла во шума, откако си го одземала животот. Децата заминале да живеат во Стокхлом со баба им и дедо им од страната на мајка им и семејството никогаш повеќе не ја споменувало нивната мајка.
Неговата баба, која му била и законски старател очајнички сакала барем едно од нејзините внучиња да постигне популарност и заради големата сума на пари, ниту таа не се грижела за желбите на Бјорн.
По „Death in Venice“, станал секс симбол и геј икона. Морал да се носи со симпатиите кои ги добивал од тинејџерите и возрасните мажи.
„Death in Venice“ станал култен филм во ЛГБТ заедницата.
Во документарецот Андрсен вели дека бил премлад за да биде претворен во сексуален објект. Висконти го носел во бројни ноќни клубови, а станал и трофеј за богати и моќни Парижани кои го посипувале со скапоцени подароци само за со него да се шетаат низ градот, иако тој не бил хомосексуалец.
Сето тоа оставило трајни последици на неговото психичко здравје. Во раната младост се соочил со депресија од која ниту ден денес не успеал да излезе. Бјорн признава и дека помислувал да си го одземе животот, но утеха пронашол покрај поетесата Сузана Роман, со кој ја добил ќерката Робин.
Две години подоцна на свет дошол и нивниот син Елвин. Кога помислил дека мрачниот период е зад него, се случила уште една трагедија. Имено, неговиот син починал изненадно во 9-от месец од животот. Андресен лежел во креветот покрај него, онесвестен по ноќното излегување.
Иако тоа било изненадна смрт, тој себе се обвинувал за трагедијата, нарекувајќи се лош татко.
„Неговата дијагноза е синдром на изненадна смрт на новороденче, но мојата дијагноза е недостаток на љубов. Паднав во депресија, алкохол, самоуништување на сите начини кои може да се замислам - тоа веше его трип. Сиротиот јас, јас, јас“.
Денес живее мирен живот, далеку од очите на јавноста и камерите, а како што самиот открива плаче и се чувствува осамено и тажно. За својата состојба обвинува само еден човек, а тоа Висконти.
фото: Profimedia