Мостарци за земјотресот кој ја погоди БиХ: „Знам дека штом има еден – ќе има уште“
фото:printscreen N1
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, поточно областа околу Мостар, нешто по 8:00 часот утринава. Земјотресот преплаши многу Херцеговци, особено поради искуствата од април, кога силен земјотрес му го одзеде животот на еден млад човек од Столац.
Екипата N1 разговараше со мостарчани па дури и тие што не се плашеле некогаш, нагласуваат дека се плашат од нови земјотреси.
„Не се исплашив, но знам дека штом има еден – ќе има уште“, предупредува еден Мостарец.
„Спиев и ништо не слушнав“, раскажува Мостарка и додава дека веста за земјотресот сепак ја исплашила, бидејќи поради претходните, како што вели, не смеела ниту да спие навечер.
Мостарчани пред камерата на Н1 се сеќаваат и на ужасите од земјотресот што во април ја погоди Херцеговина.
"Spavala sam, nisam osjetila zemljotres", jedan je od odgovora građana Mostara o zemljotresu koji je potresao ovo područje https://t.co/JJjUc7ZSW1 pic.twitter.com/XMdkwGmXtc
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) June 30, 2022
Сеизмолозите во повеќе наврати за Н1 потенцираа дека подрачјето на БиХ и регионот во моментов е исклучително сеизмички активно и дека треба да се очекуваат уште вакви земјотреси.
извор:N1