Може да ги комбинираш со секаков вид на обувки: Анастасија Ражнатовиќ има фармерки кои се „must have“ парче оваа година (ФОТО)
Ќерката на Цеца, дефинитивно е девојка која знае да се облече, а нејзините најнови фармерки се хит оваа сезона...
Фармерките не само што се вонвременски класик во поглед на модната ера и сезони, туку тие се и најпрактичен дел од секој плакар, бидејќи може да се носат на безброј начини и во безброј прилики.
Тоа добро го знае и пејачката Анастасија Ражнатовиќ, која може да се пофали со голем број квалитетни фармерки, а со задоволство ги носи и кратките и долгите модели, оние од потемен и оние од посветел тексас.
Овие денови, имавме можност повеќе пати да ја видиме ќерката на Цеца во фармерки, а таа претежно ги одбира оние најактуелните модели - ѕвонарки! Сепак, Анастаисиј аја видовме и во панталони со многу благо и едвај забележливо „ѕвоно“, толку колку на многу суптилен начин да ја направат комбинацијата поинтересна.
За едно излегување во град, таа одбра тренди модел на фармерки со џебови, панталони кои постепено се прошируваат од колената надоле, а ги искомбинира со бела блуза и блејзер. Ова издание го заокружи со проѕирни сандали на високи потпетици, со оглед на топлите денови во Шпанија, каде што престојува кај своето момче Немања Гудељ.
Сепак, овие станови се едни од најпрактичните бидејќи можат да се носат со разни други обувки - одлично изгледаат со мокасини, еспадрили и балетанки, а одличен впечаток ќе постигнете и ако ги комбинирате со обични бели патики! Тие се многу популарни во есенската сезона, бидјеќи лесно се комбинираат со кратки чизми, а подеднакво се ефектни и во спортска и во поелегантна облека.
Едноставно, овие фармерки се „must have“ парче за цела година!
фото: Принтскрин / Инстаграм