Може ли да останете пријателите со поранешните? ДА, доколку ги следите овие правила

Може ли да останете пријателите со поранешните? ДА, доколку ги следите овие правила

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Одговор на контроверзното прашање: дали е можно пријателство по раскинувањето?

Секоја разделба е тешка и многумина препорачуваат поранешното момче/девојка потполно да го исфрлите од животот, бидејќи така е поедноставно. Но, што доколку сакате да останете во добри односи со поранешната љубов?

Дали е можно да се вратите во пријателска зона по романтичната врска? Експертите велат дека е можно, но постојат правила до кои треба и двајцата да се придржувате:

# Нема враќање на старо

Иако ова би требало да се подразбира, не е на одмет да се повтори основното правило. Вие сега сте пријатели, што значи дека помеѓу вас нема интимни односи: без бакнување, мазење, секс. Иако можеби делува примамливо да бидете пријатели со бенефеции со поранешното момче/девојка, но тоа е навистина лоша идеја. Тој однос само ќе ве збуни и ќе оневозможи да одите понатаму.

# Ќе ви треба време да станете пријатели

Како вие, така и вашата поранешна љубов ќе има потреба од одреден период кој ќе биде потребен за да олади. Дури откако ќе помине тоа време, можете да започнете пријателство. Експертите советуваат да си дозволите простор од најмалку три месеци за драмата околу разделбата да стивне и за одредени рани од врската да зараснат. Потоа, можете да почнете да се дружите и да го истражувате вашиот нов однос.

# Внимавајте каде се дружите

Откако помина периодот на „ладење“, почнете повторно да се дружите во неутрално, неромантично окружување. Вашите пријателски средби не би требало да бидат во кино или во романтичен ресторан и никако не би требало да бидат едне на еден. Ваквите ситуации би можеле да бидат многу неудобни. Би било најдобро кога во првите неколку дружења вклучите и заеднички пријатели кои ќе ја направат ситуацијата поопуштена.

# Размислувајте за вашето следно момче/девојка

Важно е да размислите за тоа како вашето пријателство со поранешната љубов би можело да влијае на вашата следна врска. Доколку на вашето ново момче не му е удобно да ве гледа како се дружите со поранешното, треба тоа да го сфатите сериозно. Ќе мора да бидете свесни дека постои веројатност дека еден ден ќе мора да одбирате помеѓу своето поранешно и своето сегашно момче.

# Не оставајте ги работите неразрешени

Запрашајте се дали сте ментално подготвени за да почнете одново со поранешното момче? Не би требало да бидете пријатели, доколку помеѓу вас постојат нерешени проблеми кои влечат корени од минатите грешки или доколку не можете отворено да зборувате за причината за разделбата, бидејќи тоа ќе ве налути и повреди. Игнорирањето на проблемите не е добар темел на здравото пријателство.

# Запрашајте се зошто сакате да останете пријатели

Понекогаш луѓето сакаат да останат во пријателски односи со поранешниот, бидејќи тоа е единствениот начин да го задржат во животот, но потсвесно секогаш ќе се надеваат дека љубовта повторно ќе се роди. Доколку тоа е случај и кај вас, би требало да се запрашате дали имате нерешени порблеми. Прво треба да ја преболите разделбата за да би можеле да бидете пријатели со поранешниот. Меѓутоа, можно е и да немате повеќе романтични емоции кон таа личности и да ја сакате во вашиот живот само затоа што иамте слични интереси и хобија и уживате во заедничкото дружење. Во тој случај можно е да одржите здраво пријателство по врската.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: