Можеби токму тоа му пречи на Хари: Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот имаат нови титули и презимиња
По смртта на кралицата Елизабета Втора членовите на кралското семејство добија нови титули...
Една од најголемите промени е секако на тронот, па така, некогашниот принц од Велс, Чарлс, стана крал Чарлс Трети, а неговата сопруга Камила, кралица сопруга, како што Британците ја нарекуваат.
Во еден момент се споменуваше дека новиот крал би можел да биде и Вилијал, меѓутоа, тој сепак ќе почека да го наследи тронот од својот татко. Досега, Вилијам и Кејт Мидлтон, беа војводата и војвотката од Кембриџ, а по стапувањето на Чарлс на престолот, се променија и нивните титули.
Имено, Вилиам ќе ја наследи претходната титула од својот татко, па така тој и Кејт ќе станат принцот и принцезата од Велс. Што значи тоа за нивните деца - Џорџ, Шарлот и Луис?
Децата досега го носеа презимето Кембриџ, по титулата на своите родители, а понатаму тоа ќе се промени во Велс. И на погребот на кралицата Елизабета, Шарлот и Џорџ беа нарекувани принцот и принцезата од Велс.
На тој начин и принцот Вилијам доби титула, тој исто така беше принцот од Велс, додека не се ожени, а по бракот со Кејт Мидлтон, го доби војводството од Кембриџ, додека неговиот брат Хари, заедно со Меган Маркл, стана војводата од Сасекс.
За потсетување, наводно, принцот Хари бил инсфрустриран и бесен, бидејќи смета дкеа ќе стане неважен, што неговиот внук Џорџ ќе наполни 18 години.
фото: Принтскрин / Инстаграм